јуни 24, 2021

ВОСПОСТАВЕНА СОРАБОТКА СО ВОЗДУХОПЛОВНИОТ ВИНГ НА АРМИЈАТА

Со одобрение на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции. Соработката ја започнавме со основна обука на спасувачите, како и со прелети на најкритичните точки на планините Галичица и Јабланица, со цел дефинирање на значајни логистички точки, кои би се користеле во случај на планински несреќи. Како дел од тимовите кои ќе бидат вклучени во реализација на претстојната NATO– EADRCC вежба во Септември 2021, членовите на ПСС ќе ја продолжат започнатата обука за делување со помош на хеликоптер. Покрај учеството на самата вежба, целта е да се продлабочи соработката со воздухопловниот ВИНГ на армијата, за да можеме во иднина заедно да делуваме координирано и ефикасно во случај на комплексни несреќи на планина.

Се надеваме дека со вештините на пилотите и летачкиот персонал, во комбинација со нашите вештини и препораките на ICAR по кои се водиме, како составен дел од Националниот Сојуз за Планинско Спасување за кратко време ќе воспоставиме ефикасен систем за спасување на целата територија на државата, по примерот на останатите земји од Европа.

< врати се назад