декември 26, 2021

Волшебни моменти со „ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА“ на Црвен крст Охрид

Денеска во Центарот KAM Village во Охрид во рамки на хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“, преку 50 деца од Охрид и Дебрца добија новогодишни подароци како остварување на своите новогодишни желби. Подароците беа обезбедени од страна на нашите хумани сограѓани кои во периодот од 13 до 23 декември избираа лампион со желба искажана од секое дете, од ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА поставена во КАМ Village. Во прекрасен новогодишен амбиент дечињата уживаа во музичките изведби на детскиот хор при фолклорниот ансамбал „Бисери“, танцуваа со волонтерите на Црвен крст Охрид, ги избираа цртежите кои тетка Анета Кловнета им ги црташе на нивните лица, цртаа свои креации на хартија и секако се радуваа на остварувањето на своите посакани новогодишни желби, поделени како подароци од страна на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и новогодишни пакетчиња обезбедени од КАМ Village.
Изразуваме благодарност до нашите хумани сограѓани кои учествуваа во хуманитарната акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ и овозможија да се исполнат новогодишните желби и израдуваат многу дечиња од Охрид и Дебрца.
< врати се назад