декември 15, 2024

ВОЛШЕБНА ЕЛКА

Волшебната елка во Kam Village накитена од страна на волонтерите од Црвен крст Охрид со украси и лампиони, поставени се и волшебни лампиони во кои се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и со цел да ја исполни новогодишната желба напишана во него.
Акцијата трае од 15 до 25 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава организирана на 28 декември (сабота), околу Волшебната елка.

< врати се назад