декември 29, 2024

ВОЛОНTЕРИ НА МЕСЕЦ

На последниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид во 2024 година, беа прогласени -ВОЛОНТЕРИ НА МЕСЕЦ-

Што е волонтер на месец?

Волонтер на месец е признание кое се доделува на еден волонтер за неговата исклучителна посветеност, напор и достигнувања во текот на одреден месец. Целта на оваа иницијатива е да се истакнат и мотивираат волонтерите, да се вреднува нивниот придонес и да се поттикнат другите да се вклучат во волонтерски активности.

Никола Чекреџи е ученик во четврта година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид. Своето волонтерско искуство го започнува во декември 2023 година. Во таа една година има учествувано на разни активности како: припрема кон ПХВ недела, помош во одделот на логистика, помош при организација за Волшебна елка, разни предавања и работилници, крводарителски акции. Волонтирањето во Црвен крст го прави да се чувстува среќено и исполнето. Неговата порака за волонтерите е „Ниту една активност не е лошо поминато време”.

Јана Каралиеска е ученик во четврта година во ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид. Таа е долгогодишен волонтер на Црвен крст Охрид кое го започнува своето волонтерско искуство во почетокот на 2022 година. Во своето волонтерско искуство има учествувано во ЦКА-ПХВ циклусот како младинец и ментор, дел од тимот за „Night to Shine”, логистичка поддршка на ПХВ недела, помош при организација за Волшебна елка, разни предавања и работилници, учество на разни собирни акции, делење на пакети на социјално-загрозени фамилии.

Давор Толоманоски е ученик во трета година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид. Своето волонтерско искуство го започнува во април 2024 година со посетување на редовните состаноци на клубот млади. Во своето волонтерско искуство има учествувано во тимот на актери за ПХВ недела, разни предавања и работилници, крводарителски акции, учество на разни собирни акции, камп за лидерски вештини и проценка на волонтерите.

< врати се назад