декември 26, 2022

ВОЛОНТЕРИ НА МЕСЕЦ

На последниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид беа уште еднаш прогласени за волонтери на месец оние волонтери кои најмногу придонесле за неговата работа и развој.
 
Ангел Крстески волонтира во Црвен крст од оваа есен и ни кажува дека иако е волонтер краток период се чувствува исто како да е волонтер цела вечност, бидејќи со правење на сите хумани дела ги увидел сите страни на животот на добро однесување и разбирање на човечките морални вредности. Учествуваше на роденденот на BRAINOBRAIN, на отворениот ден за млади, на три промотивни денови на кампањата за прва помош, на еколошката акција, на активностите по повод Недела на гладта, беше оратор на ораторската вечер во Делчево, помогна во спроведувањето на “Волшебна елка” и други претновогодишни акции и постојано е поддршка за Клубот на млади.
 
Ѓорѓи и Арсениј се волонтери исто така од оваа есен и во волонтерството пронаоѓаат извор на среќа и задоволство. Двајцата учествуваа на многубројни активности во изминатите три месеци и станаа и дел од тимот за прва помош. Како најомилени активности во Клубот на млади ги издвојуваат делењето на пакети со храна на социјално загрозени семејства заедно со вработените од Црвен крст Охрид, и акцијата во соработка со СВР Охрид каде се најдоја во улога на обучени по прва помош кои санираа симулација на повреди предизвикани од користењето на петарди.
 
📣 Им се заблагодаруваме на волонтерите за нивниот труд и придонес во изминатиов период.
May be an image of 3 people, people standing and text that says "црвен крст на република северна македонија општинска организацила охрид ON EH KPCT பND + RED ангел крстески, арсениј горшески и горги шикалоски волонтери на месецот ноември и декември 2022"
 
 
 
 
 
 
< врати се назад