јануари 19, 2020

Водици 2020

Тимовите за прва медицинска помош и тимовите за спасување на вода повторно и оваа година беа вклучени во одбележување на манифестацијата Водици-Охрид 2020. Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид сите свои технички капацитети и човечки ресурси ги стави на располагање за успешно одвивање на манифестацијата. Општинска организација Охрид се грижеше за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, нуркачки тимови, како и со медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило, а успешно беше интервенирано  на 2 лица со хипотермија и 2 лица со посекотини.

< врати се назад