март 22, 2024

ВОДА ЗА МИР

Во рамките на одбележувањето на 22 март, Светскиот ден на водата, чиешто мото годинава е ВОДА ЗА МИР, Црвен крст Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, со поддршка на бројни еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид и Албанија, организираат забавно-едукативен настан. Овој настан ќе се одржи на 23.03.2024 (сабота), со почеток во 12 часот, на Градскиот плоштад Св. Климент Охридски во Охрид.
 
Целта на организирањето на овој настан да се истакне вредноста на Охридското езеро како најголем природен базен на питка вода што во услови на зголеменото влијание на климатските промени и порастот на населението, наметнува итна потреба, внатре и помеѓу двете земји, Албанија и С. Македонија, обединување и сериозен пристап околу заштита и зачувување на нашиот најскапоцен ресурс, Охридското езеро.
 
Преку бројни едукативни материјали, презентации и забавни перформанси ќе се потенцира опасноста за Охридското езеро и неговиот екосистем од евентуалното одржување на настанот светско првенство во трка со чамци формула 1, F1H2O чамци, најавено за јули 2024 година на Охридското езеро во Поградец, Албанија.
 
Дојдете во сабота на градскиот плоштад за и од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за одбегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа.
 
Да се обединиме околу водата и да ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина.
 
May be an image of body of water and text
 
 
 
 
< врати се назад