март 24, 2024

ВОДА ЗА МИР

Во рамките на одбележувањето на 22 март, Светскиот ден на водата, чиешто мото годинава е ВОДА ЗА МИР, Црвен крст Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, со поддршка на еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид, организираа забавно-едукативен настан на Градскиот плоштад на ден 23.3.2024 година.
Целта на организирањето на овој настан е да се истакне вредноста на Охридското езеро како најголем природен базен на питка вода и да се упати апел до населението и надлежните за одбегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа.
Во склоп на ПХВ програмата во 2024 година една од групите ја започна својата кампања за подигање на свесноста за последиците од евентуалното одржување на светското првенство во трка со чамци формула 1, F1H2O чамци, најавено за јули 2024 година на Охридското езеро во Поградец, Албанија со учество на настанот и ширење на пораката преку организираните активности на нивниот штанд.
Дополнително, на настанот за прв пат настапи новиот музички бенд на Црвен крст Охрид, волонтери од Клубот на млади организираа свој отворен ден за промоција на активностите на Клубот, дечињата од програмите BRAINOBRAIN и “ПОЛЕТАРЧЕ” со нивните тренери учествуваа во забавно – едукативниот дел на настанот, а две од другите ПХВ групи организираа хуманитарен базар во соработка со Клубот на пензионери “Најди време” со цел собирање на финансии за реализација на своите проекти.
Да се обединиме околу водата и да ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 7 people, guitar, crowd and textMay be an image of 8 people, crowd and textMay be an image of 6 people and crowdMay be an image of 6 people and textMay be an image of 7 peopleMay be an image of 6 people and text that says "OдA Broche Water for Peace uuja ски, охрид мораме согласност cO сознанчето да делуваме BO дека вода не E само ресуро за користене E човечко натпрев руване -TOa право пр суштински CEKOJ аспект 160"May be an image of 1 person and gingerbread biscuitMay be an image of 8 people and textMay be an image of 4 people and textMay be an image of 5 people and textMay be an image of 11 people, phone and street
 
 
 
< врати се назад