
ВЕЖБАЈ и УЖИВАЈ
Во рамки на одбележувањето на “Неделата на грижа на стари лица”, а под мотото „Сите сме нивни деца“, Црвен крст Охрид во соработка со Здружението “ВОЛЕЈ“ и поддршка на Општина Охрид за волонтерите од програмата за грижа за стари лица „Најди време“ и членови од Здружението на пезионери од Општина Охрид и Општина Дебрца организираа фитнес тренинг за стари лица.
Во прекрасната атмосфера, учесниците повторно ја актуализираа потребата за поддигнување на свесноста за важноста од редовна физичка активност за зачувување и подобрување на здравјето и општата благосостојба кај постарите лица.
Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид и Здружението “ВОЛЕЈ“ ја продолжуваат оваа соработка и во иднина.




