
април 14, 2026
ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР 2026
Минатата недела, на 09.04.2026, на плоштадот „Вангел Наумовски“ во организација на општина Охрид се одржа традиционалниот велигденски базар.
На базарот, учество зедоа една од овогодинашните ПХВ групи, која работи на реновирање на просториите на Здружението од родители со деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ – Охрид, како и групата за грижа на стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид, кои се претставија на свои рачни изработки и подготвена традиционална храна.
Собраните финансиски средства од овој базар ќе бидат наменети за реновирање на просториите на Здружението од родители со деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ – Охрид.





