август 11, 2018
„Вдиши театар“ во посета на Црвен крст Бар
Во период од 25-28.08.2018 г. Општинска организација Црвен крст Бар беше домаќин на драмскиот театар од волонтерите од Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид.
Оваа посета е продолжение на дружбата на волонтерите кои учествуваа на фестивалот “Вдиши Театар” во Охрид, а главна цел на посетата беше изведување на театарска претстава под името “Во фиока” пред публиката во Домот на КУлтура во Бар на 27.08.2018г.
Организацијата на Црвен крст Бар и Општинска организација Охрид имаат традиционална и интензивна успешна соработка низ која имаат реализирано бројни заеднички активности и разменето корисни искуства.