јуни 16, 2024

ВДИШИ ТЕАТАР

Тесен беше просторот на летната сцена во предворјето на црквата Св.Софија, да ги собере сите љубители на театарската игра, кои средата дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на деветтото издание на Меѓународниот Аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 12-16 јуни во Охрид ☺️.

👏 Блескав настап имаше театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „УТРЕ“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц и кореографија на Даниел Наумоски. Нашите млади, талентирани актери, на креативен и многу реален и сликовит начин ја прикажаа вербата, надежта и борбата за подобро УТРЕ, соочени со силните притисоци и контрола од страна на моќниците – „ОКОТО“ 😁.

✨ Претставата ја изведоа младите актери од Црвен крст Охрид, односно : Сара Петкоска, Софија Јаковлева, Ѓорѓи Целески, Лука Доленц, Ана Мојсоска, Борче Исакоски, Константина Крежеска и Ивана Котеска 😊. Во претставата учество со улога зеде и долгогодишниот волонтер Симон Јаковлев – Писин 😁.

#ЦКмлади

< врати се назад