јуни 13, 2018
Вдиши театар
Во организација на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид од 13 до 17 јуни се одржа петтото јубилејно издание на Аматерскиот младински театарски фестивал ВДИШИ ТЕАТАР 2018. Отворањето на фестивалот на 13.06.2018 го означи настапот на актерската група на Општинска организација Охрид со изведба на претставата „ВО ФИОКА“, а во наредните денови на сцената во предворјето на црквата Св.Софија и НУЦК „Григор Прличев“ љубителите на театарот уживаа во оригиналните и креативни театарски претстави во изведба на актерските групи од Црвен крст Бар, Црвен крст Суботица, Црвен крст Крагуевац, Црвен крст Битола, Црвен крст Ужице.