ноември 5, 2024

Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација

Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Струга, ДЗС, ЦУК, Здравствен дом Струга и Црвен крст Охрид продолжува да се реализира и во компаниите.

Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи во среда, 06.11.2024 г. во компанијата МАГНА во индустриската зона Струга ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода.

Вежбата е предвидено да започне во 10:30 ч.

< врати се назад