октомври 27, 2023

Утре извлекување на наградите од акцијата на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Извлекувањето на добитниците на 20 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се изврши сабота,  28.10.2023 година во 18:00 ч.

Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtube.com/live/E7PiXnUX1VE?feature=share

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 43.000 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик. Од Црвен Крст изразуваат благодарност на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција.

 

< врати се назад