ноември 19, 2026

Успешно заврши серијата работилници во Затвор Охрид!

Оваа недела заврши серијата работилници реализирани од страна на волонтерката Danielle, во Затвор Охрид.

Преку креативни и едукативни активности, како и работилници за изучување на англискиот јазик, младите осудени лица имаа можност да стекнат нови знаења, да ги развиваат своите вештини и да учествуваат во активности кои поттикнуваат учење, креативност и личен развој.

Црвениот крст Охрид изразува огромна благодарност за одличната соработка со Затвор Охрид, како и посебна благодарност до Danielle, која со својата посветеност, ентузијазам и несебично споделување на знаењето придонесе за успешна реализација на овие активности.

Веруваме дека ваквите иницијативи имаат значајна улога во процесот на ресоцијализација, создавањето нови можности, поттикнувањето на личниот развој и градењето похумано општество.

< врати се назад