декември 30, 2021

Уште едно признание за Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид

Нa ден 29.12.2021 година, на годишната ревија на настани за 2021, која порталот Ohrid News ја организира традиционално на крајот од секоја година, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, доби признание ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ОХРИД КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА.
Антонио Додевски, Раководителот на ПСС, за време на свеченото доделување на признанијата, од името на сите волонтери изрази голема благодарност до Ohrid News, за доделеното признание, особено затоа што доаѓа на јубилејот од 15 годишното постоење на порталот, кој во изминатите години прерасна во вистински синоним за објективност во информирањето.
Честитки до редакцијата од Ohrid News на јубилејот и да им посакаме уште долго време да бидат пример за коректноста и објективноста во информирањето.
< врати се назад