ноември 25, 2025

УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ НА ОХРИДСКИТЕ БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ

Hа еден од најголемите интернационални Бреинобреин натпревари, на светскиот БОБ натпревар, кој на 22 ноември 2025 година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, учествуваа и деца кои ја следат Бреинобреин програмата во БОБ центрите во Македонија и тоа 3 деца од Тетово, 2 деца од Скопје и 6 деца од Охрид од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Во силна конкуренција од преку 1800 учесници од 16 земји, кои се натпреваруваа во стекнатите знаења, вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, претставниците од Македонија освоија 6 највисоки награди-трофеи и 5 златни медали.

Нашите, охридски Бреинобреин генијалци се закитија со 2 трофеи и 4 златни медали.

Големата желба, страста за нови знаења, посветеноста на Бреинобреин програмата од страна на децата, поддршката од родителите, професионалноста на врвните Бреинобреин тренери-едукатори, нивниот труд, енергија и посветеност го обликуваат успехот и победата на секое дете.

< врати се назад