ноември 6, 2023

УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ НА ЦЕНТАРОТ БОБ-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД

На VII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа вчера, 5.11.2023 во Скопје, во конкуренција од 229 натпреварувачи од 9 центри во Македонија, 39 БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 18 трофеи, 13 златни и 8 сребрени медаљи, со што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија.
Со задоволство Ве покануваме на ПРЕСС средба со учесниците на VII-от државен БРЕИНОБРЕИН натпревар од БОБ-Црвен крст Охрид центарот, на 08.11.2023 (среда) во 12:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, на која ќе бидат презентирани освоените награди и ќе се изнесат повеќе детали од натпреварувањето.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 15 people, people studying and table
 
 
 
 
< врати се назад