
Учество на меѓународната обука „Psykt Vanlig” во Осло, Норвешка
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во септември 2025 година помеѓу Црвен крст Охрид и Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors од Норвешка, започна значајно партнерство кое веќе дава видливи резултати. ![]()
Во периодот од 19 до 22 септември 2025 година, имавме чест да бидеме домаќини на осум претставници од Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors од Норвешка, при што беа разменети искуства, добри практики и дефинирани приоритетни области за заедничко делување. На 20 септември беше свечено потпишан Меморандумот од страна на претседателите Øystein Valde и Сашо Точков, со што официјално започна и твининг програмата.
Соработката продолжи и во октомври 2025 година, кога, во рамки на потпишаниот Меморандум, 8 наши волонтери учествуваа на работилница за ментално здравје во Тренинг центар „Солферино“ каде преку интерактивен пристап ги унапредија своите вештини за емпатија, комуникација и препознавање на емоции.
Од 5-10 ноември, шестчлена делегација на Црвен крст Охрид беше во возвратна посета на Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors од Норвешка со цел заеднички да се изработи планот за акција и се дефинираат конкретните подрачја и активности на делување во наредниот тригодишен период на соработка.
Како дел од планираните активности во рамки на ова партнерство, во јануари 2026 година се реализираше и онлајн обука за едукатори по ментално здравје.
Токму оваа континуирана работа овозможи двајца наши волонтери, Ангел Крстески и Сара Ташева, да учествуваат на меѓународната обука „Psykt Vanlig“која се одржа од 5 до 8 март 2026 година во Осло, Норвешка. Заедно со 50 волонтери, тие стекнаа нови знаења и вештини за зајакнување на менталното здравје, градење храброст и справување со стресот, кои ќе ги пренесат во нашата заедница.
Обуката беше предводена од Естер Кабани од Møre og Romsdal Røde Kors, а преку програмата Mental Regular, учесниците стекнаа вредни знаења и вештини за зајакнување на менталното здравје, градење храброст и успешно справување со стресот.
Ова партнерство претставува одличен пример како стратешката меѓународна соработка создава конкретни можности за младите, придонесува кон развој на заедницата и ја зајакнува културата на хуманост и солидарност.






