декември 15, 2019

Учесниците во програмата „Млади лидери создаваат иднина“ во посета на „Солферино“ – Центар за едукација во Струга

На 14.12.2019, учесниците во вториот циклус на реализација на програмата „Млади лидери создаваат иднина“ беа во Струга, во посета на „Солферино“, центар за едукација на кадри којшто функционира во рамките на Црвен крст на Град Скопје. ✅ Наташа Хиохи, раководител на „Солферино“, им го претстави на учесниците начинот на кој центарот работи, односно интегрира социјални цели во своето дејствување. 👏 По оваа презентација, младите лидери учествуваа во работилница за развој на идеи за општествено-корисни проекти. 

< врати се назад