февруари 17, 2020

“Твоето незнаење чини живот”

Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Охрид како дел од кампањата “Твоето незнаење чини живот “ одржа предавања за прва помош во две средни училишта во Охрид каде беа опфатени 200 ученици. Во  ОСУ” Св. Климент Охридски” беа одржани три работилници во период  од 27-29 јануари 2020 г. и во  СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ на 17ти февруари 2020г.кога беа одржани две работилници .

Беа презентирани и објаснети основата и значењето на Првата помош за возачи со цел да се подигне свеста и да се подобри знаењето за оваа област. Предавањето беше мошне интересно и проследено со внимание од страна на учениците во средните училишта кои беа на возраст од 17 год.

< врати се назад