мај 5, 2024
ЦКА – ПХВ 2024
ЦКА – ПХВ е програма што се спроведува во изминативе 20 години и за цел има подигање на свеста, помагање, намалување на дискриминација и одржување на екологијата, односно да дејствува на сите сфери во општеството. Секоја година над 1000 младинци се обучуваат и излегуваат на терен за преку своите проекти да помогнат во решавањето на некој реален проблем во нивната заедница т.е. во нивниот град .
Еден од годишните проекти се однесува токму на малолетничките престапници кои се дел од воспитно – поправниот дом во Охрид. Младинците се залагаат за уредување на простор во нивната установа во мултимедијална училница, едуцирање и информирање на децата кои се таму, како и нивна ресоцијализација и социјална адаптација за време на целокупниот процес пред, за време на и после престојот во ваква установа.
Во прилог ви следува кампања за информирање за самиот проект, но и за целокупната ситуација со воспитно – поправните домови во нашата земја.