септември 22, 2023
Трибина за насилство во училиштата
Секоја година од 21 до 27 септември се одбележува неделата на ПХВ со цел промоција на мир, толеранција, соживот и ненесилство. Оваа година се организира трибина на којашто ќе се зборува за булингот, за насилството во училиштата, видиливото и скриеното, и ќе се стави акцент на постоењето на тоа насилство и на начините на коишто може да се превенира и стопира. Црвен крст Охрид ќе ја одржи оваа трибина на 27.09.2023 (среда) во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 13:00 часот. Ги покануваме заинтересираните ученици, наставници, родители и други граѓани да ја посетат трибината.
https://www.facebook.com/events/334886122241895/?ref=newsfeed