октомври 10, 2023

Трибина на тема „Важноста на менталното здравје во заедницата“

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на ментално здравје, под мотото „Менталното здравје е универзално човеково право“, денес, во организација на Црвен крст Охрид, се одржа јавна трибина за менталното здравје.
Целта на трибината беше поттикнување на сите чинители и субјекти во заедницата за активна грижа за личното ментално здравје, превенција на менталните заболувања и намалување на стигматизацијата околу менталните заболувања.
На трибината свое излагање имаа:
– Сашо Точков, Претседател на Црвен крст Охрид
– Ана Крстеска, советничка во Советот на Општина Охрид
– Ранко Раткушиноски, психолог, вработен во Црвен крст Охрид
– Доктор Магдалена Чакар Маркулеска, специјалист психијатар
По широката дискусија од страна на присутните, упатена беше силна порака до сите членови на нашата заедница заедно да работиме на заштита и на унапредувањето на менталното здравје.
Нема здравје без ментално здравје.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 8 people and people studying
May be an image of 2 people and text
May be an image of 1 person
May be an image of 1 person, hospital and dais
May be an image of 5 people and people studying
May be an image of 1 person, hospital and text
May be an image of 7 people and people studying
May be an image of 1 person, hospital and text
May be an image of 11 people and people studying
May be an image of 6 people and people studying
May be an image of 9 people, people studying and text
 
 
 
 
< врати се назад