декември 22, 2022

ТРЕНИНГ ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ

Изминатиот викенд се одржа тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст Охрид и Црвен крст Струга.
 
На истиот, 18 млади од двете општински организации се запознаа со основите на врсничката едукација, имаа можност да ги извежбаат вештините кои се потребни за одржување на врсничка едукација како комуникација, презентациски и говорни вештини, фасилитаторство и кофасилитаторство и работа во тим, но и ги ставија своите знаења и способности на тест пред останатите со одржување на презентација на одредена тема.
 
Тренингот се одржа во просториите на Црвен крст Струга од страна на Сара Коваческа, Бојана Котеска и Борче Исакоски кои претходно годинава го поминаа тренингот за тренери во хотел Солферино и со овој тренинг го ставија во пракса она што го научија.
 
Им посакуваме успех на потенцијалните идни едукатори во процесот на дообучување и работата на терен.
< врати се назад