декември 28, 2023

Tренинг „Психо-социјална поддршка и прва психолошка помош во итни и кризни состојби“

Членовите на националниот тим за психо-социјална поддршка од Црвен крст Охрид учествуваа на тренинг на тема „Психо-социјална поддршка и прва психолошка помош во итни и кризни состојби“.
Тренингот се одржа од 22 до 24 декември 2023 во Струга, а го организираше Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија во соработка со Комората на психолози, а со поддршка од Меѓународната Федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвената полумесечина. Ваквите обуки придонесуваат кон јакнење на нашата подготвеност за дејствување во итни и кризни ситуации.
Психо-социјалната поддршка претставува хуман метод на помагање којшто ги опфаќа и на емоционалните и на практичните потреби и грижи на луѓето погодени од немил настан или криза. Примената на овој метод придонесува кон превенирање и/или редуцирање на страдањата предизвикани од итни и кризни состојби. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад