август 6, 2023

Tрадиционалната крводарителска акција “ПЛАОШНИК 2023”

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св.Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид и тоа утре, 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 ч.
Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.
 
May be an image of text
 
 
 
 
< врати се назад