Театар група
Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во рамки на своето делување во голема мерка посветува внимание на потребите на младите и изнаоѓање на креативни начини и содржини за нивно изразување и активно делување. Во таа насока е и организирањето на Меѓународниот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши Театар“ кој во организација на Општинска организација Охрид веќе шеста година го најавува почетокот на културното лето во Охрид и целта на овој Аматерски младински театарски фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави.
И оваа година Општинска организација Охрид интензивно се подготвува за шестото издание на Вдиши театар, кое ќе се одржи во јуни 2019. Во изминатите година беа вклучени само одреден број талентирани младинци, но се појави потреба од проширување и постоење на клуб каде младите повеќе ќе можат да учествуваат и да научат нови вештини и ќе имаат можност да го искажат својот актерски талент и креативност.
Овој театар клуб во времетраење од три месеци ќе биде под водство на дипломиран професор по македонски јазик Јован Цветкоски и ќе учествуваат 30 млади на возраст од 13-18 години каде младинците ќе учат за театарот преку креативен и интересен начин во релаксирана атмосфера. Работилниците ќе се одржуваат два пати неделно и ќе се обрати внимание на вежби за концентрација, говор на тело, движење во простор, мимики и гестови, импровизација во простор, театарски игри на говор со тело, пантомима, техника на глас, звук, правилен говор и дикција, контролирање на глас, правилно користење на дијафрагма и дишење, креирање карактер приказна, ситуација и др.. Младите ќе имаат можност да го искажат својот талент и да дадат свој импут во креирање на театарска приказни кои понатаму ќе се обработат и ќе се прикажат како претстава.