
октомври 15, 2026
Тамаро како општествено одговорна компанија во соработка со Црвен Крст – Охрид, започна АКЦИЈА под мотото „Помислете и на нас“.
Акцијата е донирање храна за таму каде што е најпотребно, по повод неделата на борба против гладот!
Акцијата ќе трае од 16 до 22 октомври, каде во пет Тамаро маркети поставивме корпи до самите каси за наплата каде може да ДОНИРАТЕ НА ХРАНА И НАМИРНИЦИ!
Маркетите во кои ќе може да донирате храна во корпите се:
ТАМАРО 5 (ТУРИСТИЧКА);
ТАМАРО 6 (ФАБ. БРАТСТВО);
ТАМАРО 7 (АСНОМ-ПИСТА);
ТАМАРО 12 (СТИВ НАУМОВ);
ТАМАРО 16 (ТЦ ТРУДБЕНИК).
Тамаро маркетите заедно со Црвен Крст однапред Ви се заблагодаруваат за хуманоста!





