ноември 8, 2025

Светскиот ден на дијабет

Во пресрет на Светскиот ден на дијабет – 14 ноември, Црвен крст Охрид во соработка со Здружението на лица со дијабет тип 1 од Охрид, организираше едукативно-забавен настан на пешачката патека кон Горица.

Посетителите имаа можност да го проверат нивото на шеќер во крвта, да се информираат за превенција и правилен начин на живот, но и да се вклучат во лесна физичка активност во духот на здравјето и заедништвото.

Целта на овој настан беше да се подигне свеста за дијабетесот, да се поттикне здравиот стил на живеење и да се покаже дека со поддршка, информираност и движење – можеме да водиме поквалитетен живот.

< врати се назад