февруари 12, 2019

Светски ден за борба против рак

Во рамки на одбележување на Светскиот ден за борба против рак во просториите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид на ден 11.02.2019г., др. Даниела Чингоска од Центар за јавно здравје-Охрид одржа предавање на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време”. Целта на предавањето беше присутните да се запознаат со најголемите ризик фактори и како од истите треба да се заштитиме, рано откривање на болеста, хируршки зафат, добар третман и превенција која вклучува здрав начин на исхрана и здрав начин на живот.

Светскиот ден за борба против ракот, 4 февруари, е основан како иницијатива со која се зголемува свеста на светското население и како обид луѓето да се обединат со една цел – борба против најсмртоносната болест што постои. Токму со таа цел, се говори гласно за оваа болест, се организираат кампањи и се организираат предавања за да се подигне свеста за оваа болест, да се работи на превенција, на нејзино рано откривање и да се размислува за соодветен третман.

< врати се назад