април 7, 2025

СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

По повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април, Црвен крст Охрид спроведе неколку активности со цел да придонесе кон поттикнување на здравите навики во заедницата:

На волонтерите од програмата „Грижа за стари лица – Најди време“ им беше измерен крвниот притисок и шеќерот во крвта. Покрај тоа, присутните имаа можност да добијат совети за одржување на нормални вредности на притисокот и на шеќерот, како и препораки за подобрување на нивната општа здравствена состојба. Овие активности беа спроведени од страна на д-р Георги Ставрески и Андреј Пуфтоски, волонтери на Црвен крст Охрид.

Дополнително, д-р Георги Ставрески одржа предавање во ПОУ „Кочо Рацин“ – Долно Лакочереј, во текот на кое ги запозна учениците со основите на здрава и балансирана исхрана, како и со важноста на редовната физичка активност, на доволно сон и на редовните здравствени прегледи.

Главните пораки кои Црвен крст Охрид ги упатува на Светскиот ден на здравјето се:

  • водење здрав начин на живот преку правилна исхрана, физичка активност и одбегнување алкохол, како и
  • редовни здравствени прегледи за одржување на општото здравје.

< врати се назад