април 10, 2018
Светски ден на здравје
Во рамки на одбележување на Светскиот ден на здравјето Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во соработка со општина Охрид, извидничкиот одред „Пионер“ и секторот за превенција при СВР Охрид, организираа хепенинг.
Преку спортски игри учениците од основните училишта, како и најмладите од детската градинка, испратија порака за практикување на здрави навики за живеење како и против насилството и употреба на дрога, а волонтерите од Црвен крст Охрид презентираа техники за прва помош на дечињата од четврто одделение од основните училишта