април 11, 2019

Светски ден на туберколоза

По повод одбележувањето на Светскиот ден на туберколозата, во организација на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на ден 10.04.2019 г. , д-р Славица Петровска-специјалист пнеумофтизиолог од ЈЗУ Општа болница-Охрид одржа предавање пред пензионерките од Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. Целта на предавањето беше да се споделат основните информации за оваа болест, симптомите, превенцијата и начините на лекување и да се подигне јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберколозата како и мерки за ставање крај на глобалната епидемија на оваа болест.

< врати се назад