мај 8, 2025

СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА И НЕДЕЛА НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 8-ми мај 1828 роден е големиот хуманист Анри Динан, основополжник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а седмицата од 8-15 мај како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина и под мотото „НА СТРАНАТА НА ХУМАНОСТА“ организира бројни активности со цел подигање на свеста за значењео на основните принципи, мисијата и визијата на организацијата и воедно изразување на почит, признание и благодарност на волонтерите, партнерите и поддржувачите за нивната несебична поддршка.

7 мај 2025 (среда) 10:00 ч. – Крводарителска акција ФТУ

8 мај 2025 (четврток)12:00 ч. – Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан (седиште на Црвен крст Охрид)

12 мај 2025 (понеделник) 09:00 ч. – Отворен ИНФО ДЕН-прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид и Дебрца, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст. Со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст

8 – 15 мај 2025 – Хуманитарни активности со наши сограѓани истакнувајќи нивни дела на хуманост кои можат да донесат значајни промени во животот на луѓето и во заедницата

8 – 15 мај 2025 – Работилници за дисеминација-ширење на знаењата за Црвениот крст за различни целни групи

May be a graphic of 2 people, map and text that says "UpBeH KpcT H Peny6лиKa CeBepHa MaKeAoHиTa iKuqi iRepublikes Magedonisé Veriut Red cross the Republic North Macedonia 8 8MAJ ·CBETCKИ AEH HA UPBEH KPCT u UPBEHA nOЛyMEcE4ИHA 8 MAJ DITA BOTERORE E KRYQIT TE KUQ DHE GJYSMEHENES SE KUQE 8 MAY WORLD RED CROSS AND RED CRESCENT DAY # Ha cTpaHaTa Ha xyMaHocTa # Në anën e humanizmit # On the side of Humanity 8-15 MAJ HEAEЛA HA UPBEH KPCT HA PCM 8-15 MAJ. JAVA E KRYQIT TE KYQ TE RMV 8-15 MAY WEEK OF THE RED CROSS OF THE RNM"
< врати се назад