мај 10, 2024

СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

“Да живее хуманоста”– тоа е мотото со кое Црвен крст Охрид со низа активности, го започна одбележувањето на 8ми мај-Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 8-15 мај.
По тој повод на 09.05.2024 г., најпрвин делегација на Црвен крст Охрид и Здружението „Анри Динан“ од Струга, волонтерите од Клуб на млади и од програмата за Грижа за стари лица од Црвен крст Охрид, положија свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот крст.
Истотака, во рамки на активностите поврзани со Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, беше организиран и прием на деца од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, каде од страна на секретарот Мимоза Ставрева беа запознаени со мисијата на Црвениот крст, принципите на движењето и активностите најголемата хуманитарна организација во светот.
Активностите на Црвениот крст продолжуваат и во Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 8-15 мај каде ќе бидат одржани дисеминациски сесии со најразлични целни групи со цел да се истакне хуманоста и солидарноста како вредности кои треба да се негуваат и практикуваат од мали нозе во текот на целиот живот.
Честит 8 Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 10 people, people studying and children's toy
May be an image of 16 people, people studying and text
May be an image of 11 people and people studying
May be an image of 7 people
 
May be an image of 11 people and people studying
 
< врати се назад