октомври 4, 2021

Светски ден на срцето

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Светскиот ден на срцето, Црвен крст Охрид организираше едукативно предавање кое др.Виолета Мојсовска од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид го одржа на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време”.

Презентацијата беше насочена кон запознавање на присутните со кардиоваксуларните заболувања, нивните симптоми, дијагностички прегледи како и третман и терапија. Посебно внимание беше посветено на едукација за зголемениот ризик од компликации на Covid 19 кај пациентите со кардиоваскуларни заболувања и давање на препораки за заштита и подобрување на квалитетот на животот кај оваа група на пациент

< врати се назад