
СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВА ПОМОШ
Денеска, на платото пред Центарот за култура “Григор Прличев”, тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид презентираа знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди поврзани со климатските промени.
Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош , со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.
Секоја година на милиони луѓе им е нанесена повреда или им е одземен животот поради несоодветен одговор или недостаток на навремено и правилно укажана прва помош.
Ситуацијата би можела значително да се промени доколку повеќе луѓе се свесни за значењето и правилно се обучени за укажување на прва помош.
Поседувањето на вештини за прва помош ги зголемува индивидуалните капацитети на секој човек да преземе брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди, и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.
И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на Светскиот Ден за Прва Помош – ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, со акцент на климатските промени.
- Бури, топлотни бранови, пожари… Климатските катастрофи се случуваат без најава, но можеме да се подготвиме
- Учењето прва помош ни овозможува да реагираме во итни случаи.
- При климатски кризи, секоја секунда е важна.
Да бидеме подготвени:
- Да се обучиме
- Да помагаме
- Да спасуваме животи
Климатските промени го менуваат нашиот секојдневен живот и ја зголемуваат опасноста од несреќи, болести и итни случаи.









