октомври 6, 2023

СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВА ПОМОШ

На ден 15.09.23, под мотото „ПРВА ПОМОШ ДОСТАПНА ЗА СИТЕ! ПРВА ПОМОШ ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ“, пред Центарот за култура “Григор Прличев”, нашиот тим за прва помош, ги сподели своите знаења и техники, за укажување на истата.
Првата помош е од суштинско значење, бидејќи ја обезбедува моменталната нега на лицата кои имаат потреба од истата, и со нејзино укажување да го спасат загрозениот живот.
Нашата екипа смета дека секој треба да ја совлада оваа вештина, бидејќи никогаш не знаеме кога може да имаме потреба од истата.
Во склоп на овој ден, хуманите граѓани, покрај можноста да научат нешто за првата помош, исто така можеа да даруваат крв во Центарот за култура “Григор Прличев”.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Можно е да е слика од 3 луѓе
 
Можно е да е слика од 3 луѓе
Можно е да е слика од 2 луѓе и болница
 
 
< врати се назад