септември 12, 2020

Светски ден на Прва помош

Оваа година под мотото “Прилагодување на практиките по прва помош во услови на пандемија” на 12 септември беше одбележан Светскиот ден за Прва помош кој е ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап.

Во тие рамки Црвен крст Охрид го одбележа Светскиот ден на првата помош на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“,  каде во периодот од 10-12 ч. тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид  презентираа знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди. Истиот ден беше одржана и online едукација за волонтерите од Клуб на млади на тема “Контрола и превенција од Ковид 19”.

-Во рамки на одбележување на Светскиот ден на првата помош Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организираше крводарителска акција се реализира на ден 12.09.2020 (сабота) во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10:00 до 14:00 ч.

< врати се назад