
Светски ден на менталното здравје
10 октомври – Светски ден на менталното здравје
Во време на кризи, катастрофи и неизвесност, грижата за менталното здравје е подеднакво важна како и грижата за физичкото.
Кризите оставаат траги – затоа е важно да зборуваме, да слушаме и да бидеме поддршка еден на друг.
Црвениот крст на Република Северна Македонија постојано работи на промоција на психолошка поддршка и ментална благосостојба, особено во моменти кога најмногу ни се потребни сила, разбирање и човечка топлина.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, општинските организации на Црвениот крст и ЦКГС ќе одржат работилници на тема: „Важноста на менталното здравје при кризни состојби“ за различни целни групи.
