Светски ден на Црвен крст и Црвенa полумесечина
Во рамки на одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8ми мај и неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото “Насекаде за секого”.
По тој повод беше положено свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, од страна на претседателот на Општинска организација Охрид, Сашо Точков и претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска. Прочитани беа пишани стихови со хумaни пораки од страна на волонтерите од програмата за Грижа за стари лица при Црвен крст Охрид во присуство на претставници од Здружението Анри Динан од Струга. Истотака, организиран беше и прием на деца од Детската градинка Јасна Ристеска со кратка дисеминација за значењето на најголемата хуманитарна организација во светот.