март 15, 2023

СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ

На 9 март Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за дијализа Нефроплус Охрид го одбележа Светскиот ден на бубрегот со поставен штанд на градскиот плоштад.
 
На истиот случајни минувачи имаа можност да имаат бесплатна проверка на нивниот крвен притисок и нивото на шеќер во крвта од страна на волонтери на општинската организација, како и да се запознаат повеќе со тоа како да го одржат здравјето на овој витален орган.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад