март 21, 2024

СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗА

Секоја година на 24 март Црвениот крст го одбележува Светскиот ден на борба против туберкулоза.
Со таа цел, на ден 20.3.2024 пред редовниот состанок беше организирано кратко информативно предавање од страна на лидерот на Клуб на млади Борче Исакоски под мотото “Да! Можеме да ставиме крај на ТБ” заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
Целта на предавањето беше да се споделат основните информации за оваа болест, симптомите, превенцијата и начините на лекување и да се подигне јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберколозата како и мерки за ставање крај на глобалната епидемија на оваа болест.
Туберкулозата е болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis.
Зошто треба да знаеме за оваа болест?
Со оваа бактерија може да се зарази секој и секаде. Можеби не го познавате лице што има туберкулоза, а сте биле во контакт, бидејќи со сите случаи на туберкулоза се постапува во доверливост.
Доколку се сомневате дека сте заболени со инфекцијата или дека сте биле во контакт со заболено лице посетете го вашиот доктор. Никој од наведените симптоми не наведува стриктно на позитивност кон болеста! 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 5 people and people studyingMay be an image of studying and text
May be an image of 7 people, people studying, table, hospital and text
May be an image of 10 people, people studying and text
 
 
 
 
< врати се назад