март 26, 2026

Светски ден на борба против туберколоза

По повод одбележувањето на Светскиот ден на туберколозата 24ти март, во организација на Црвен крст Охрид вчера, д-р Јованка Стурлакова Коровешоска -специјалист епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид одржа предавање пред волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид.

Целта на предавањето беше да се споделат основните информации за оваа болест, симптомите, превенцијата и начините на лекување и да се подигне јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберколозата како и мерки за ставање крај на глобалната епидемија на оваа болест.

< врати се назад