декември 1, 2023

СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2023 г.), Црвен крст Охрид го одбележува со низа активности во рамките на светската кампања под мотото „LET COMMUNITIES LEAD” „НЕКА ЗАЕДНИЦИТЕ ВОДАТ“ , потенцирајќи го значењето и важноста од заедничкото делување во оваа борба.
Д-р Јованка Струлакова Коровешоска денес одржа едукација во училиштето СОСУ “Св. Кирил и Методиј” каде се придаде значење на проширување на знаењата за ХИВ/СИДА, превенција и заштита од истите, како и нагласување на значењето на поддршката кон оние кои се дел од оваа борба.
Со цел поткревање на свеста за ХИВ/СИДА, поделивме едукативен материјал, кондоми, и совети за превенција и заштита, а волонтерите од Клубот на млади од Црвен крст Охрид ставаа црвени панделки на граѓаните.
Во текот на наредната недела продолжуваме со активности!
И оваа година активностите во кампањата на Црвен крст Охрид за борба против ХИВ/СИДА се поддржани од Canadians For Children At Health Risk од Канада.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 8 people and people playing basketball
May be an image of 8 people, people skeet shooting and dartboard
 
 
 
< врати се назад