мај 16, 2019

Светски ден и Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид со низа активности, под мотото „Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина“ #ЉУБОВ го започна одбележувањето на Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На 8ми мај најпрвин делегација на Општинска организација Охрид и Здружението „Анри Динан“ од Струга како и делегација на Советот на општина Охрид придружувана од волонтерите на Општинска организација Охрид, положија свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот крст.

Најмладите од предшколските установи беа гости во Црвениот крст каде од страна на дисеминаторот Христина Кузмановска беа запознаени со мисијата на Црвениот крст, принципите на движењето и активностите на Општинска организација Охрид

На факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа традиционалната крводарителска акција на која својата уманост дарувајќи ја драгоцената течност ја покажаа 21 крводарител.

Активностите на Црвениот крст продолжуваат и во Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 8-15 мај каде ќе бидат одржани бројни дисеминациски сесии со најразлични целни групи со цел да се истакне хуманоста и солидарноста како вредности кои треба да се негуваат и практикуваат од мали нозе во текот на целиот живот.

< врати се назад