јуни 23, 2026

SUNSET AND CHILL

И ова лето го започнуваме со нашата традиционална активност за дружење, релаксација и добра атмосфера –

SUNSET AND CHILL

26.06.2026 (петок)

19 : 00 часот

Парк пред хотел SU

1 бесплатен пијалок

Очекувајте пријатна летна атмосфера, дружење, нови познанства и заедничко поминување време со нашите волонтери и млади.

„Sunset and Chill“ е една од традиционалните активности кои ги реализира Клубот на млади при Црвен крст Охрид, наменета за релаксација на младите, создавање нови пријателства и зајакнување на заедништвото помеѓу волонтерите.

Оваа година, активноста има посебно значење бидејќи претставува почеток на одбележувањето на нашиот голем јубилеј – 30 години од постоењето на Клубот на млади при Црвен крст Охрид.

Три децении исполнети со волонтерство, хуманост, нови идеи и безброј заеднички моменти кои ја создадоа приказната на нашиот Клуб.

За втора година по ред, „Sunset and Chill“ го реализираме во соработка и со поддршка од SU Hotel, благодарение на нивната посветеност и желба за поддршка на младите и младинските активности во Охрид.

Ги покануваме сите заинтересирани млади да ни се придружат на оваа прекрасна летна дружба и заедно да го започнеме летото исполнето со позитивна енергија, дружење и нови спомени!

< врати се назад