јануари 15, 2019

Студен бран 2019

Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид заедно со членовите од Единица за спасување на планина во периодот кога градот го зафати студени бран по дојава на жители од околните рурални средини во неколку наврати ги посетија и им дистрибуираа прехранбени и хигиенски производи како и лекарства, кои не беа во можност самите да ги набават поради големата снежна покривка.

< врати се назад